Анета Блажевска

Анета Блажевска

Здружението на пензионери од Битола денеска одржа состанок со претседателите на месните заедници, со почитување на мерките за заштита од ковид-19. На оваа работна средба беше разгледан предлог извештајот за работа на Здружението,  а исто така со претседателите на месните заедници беше разгледан и извештајот од завршната сметка за работењето во изминатата година. Здружението лани работело позитивно, доделени беа и неколку хуманитарни донации на медицински установи, како и средства за операции и лекување на пензионери. 

Заврши процесот на ажурирање на членството во прогресивната, европската и модерната СДСМ која секогаш е во служба на граѓаните, рече на денешната прес конфернеција Невена Димовска, портпарол на СДСМ-Битола.

„Досега, над 70. 000 членови на СДСМ го реевидентирале своето членство во партијата. Во ОО на СДСМ Битола и понатаму можат да ни се приклучат нови членови бидејќи остануваме отворени за сите оние кои ги поддржуваат нашите политики и идеали. Следува процес на издавање на новите дигитални членки книшки и реализирање на првите внатрепартиски избори, по највисоките демократски и организациски стандарди. На 21 март СДСМ ќе демонстрира највисок можен облик на внатрепартиска демократија! Им се заблагодаруваме на нашите другари и другарки и целото членство за ангажираноста, мотивацијата и желбата за реализација на овој револучионерен, пионерски чекор во партиското дејствување. СДСМ продолжува да се менува, за уште подобро и попосветено да им служи на граѓаните и државата“, рече Димовска.

Од СДСМ подочуваат дека завршувањето на процесот на ажурирање на членството во Социјалдемократскиот сојуз на Македонија се однесува само на оние членови кои сакаа да учествуваат во гласањето за избор на Претседател на СДСМ кое ќе се одржи на 21 март. Сите членови на партијата кои не се реевидентирале од различни причини до 25 февруари годинава, истото може да го сторат во просториите на СДСМ.

Во последните 24 часа се направени 3.477 тестирања, а регистрирани се 554 нови случаи на ковид-19 во:

-Скопје 258
-Кавадарци 51
-Прилеп 41
-Куманово 25
-Неготино 22
-Охрид 18
-Тетово 16
-Струга 13
-Гевгелија 12
-Битола 11
-Велес, Струмица и Крива Паланка – по 10
-Штип 8
-Кичево 7
-Гостивар и Валандово – по 6
-Крушево и Богданци – по 5
-Пробиштип и Демир Хисар – по 4
-Кочани 3
-Делчево 2
-Свети Николе, Дебар, Берово, Виница, Кратово, Демир Капија и Пехчево – по 1.
Пријавени се вкупно 8 починати лица. Починати се по 2 пациенти од Скопје (77г,70г) и по еден пациент од Прилеп (72г), Кавадарци (73г), Охрид (71г), Ресен (68г) Валандово (66г) и Дојран (64г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.
Регистрирани се 210 оздравени пациенти од:
-Скопје 90
-Прилеп 25
-Кавадарци 19
-Неготино и Тетово – по 8
-Куманово и Штип – по 7
-Гостивар и Делчево – по 6
-Гевгелија 5
-Битола и Велес – по 4
-Струмица, Крушево и Берово – по 3
-Кочани, Свети Николе, Виница и Ресен – по 2
-Охрид, Кратово, Пехчево и Дојран – по 1
Во Битола од  3413 заболени од почетокот на пандемијата до денес, активни се 168 случаи. 
Досега во земјата се направени вкупно 516.169 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 101.762, бројката на оздравени пациенти е 90.895, на починати е 3.119, а бројот на активни случаи изнесува 7.74

Три милиони денари издвои годинава државата за заштита на  македонскиот црковен бисер „Св Ѓорѓи“ во Курбиново. Тоа се најмногу пари од областа на културата  издвоени за еден проект во  Преспаснко-пелагонискиот Регион  од програмата на Министерството за култура. Средствата се наменети за конзервација и реставрација на прва фаза архитектура и конструкција на црквата „Св. Ѓорги“,  втора фаза како културно наследство во опасност, а ќе бидат вложени уште 20.000 денари за изработка на елаборат за ревалоризација на црквата.

Битолскиот театар годинава од Министерството за култура доби поддршка за 4 премиери и еден фестивал. На сцената оваа година ќе бидат поставени претстави според  делата Шекспир, Брехт,  Нушиќ. 

Членовите на Собранието при Здружението на пензионери  од Битола на  денешната седница која се одржа со почитување на мерките за заштита од ковид-19, а со која раководеше претседателот Крсте Белевски, го усвои извештајот и завршната сметка за работењето во изминатата година. При тоа, Белевски рече дека работењето е позитивно, а Здружението доделени и неколку хуманитарни донации на медицински установи.. Така, 150 000 денари беа дадени за операции и лекување на пензионери. 

Претседателот на ИО Томе Димитровски информираше дека одредените анкетари кои неодамна беа обучени за изработувањето на социјалните пензионерски книшки, собирањето на податоците ќе го спроведат во април и мај и тоа кај оние пензионери што се заинтересирани за таа цел, бидејќи книшката ќе биде од нивна полза. Димитровски рече дека запишувањето за огревни дрва ќе трае до средината на идниот месеци. И годинава членовите на здружението кои се 19 300  на број, ќе може еднаш месечно бесплатно да контролираат шеќер, притисок и холестерол во три здравствени установи во градот . Доколку Општината формира јавно претпријатие за градски превоз ќе биде потпишан договор за да можат да го користат пензионерите од Битола, Новаци и Могила по поволни услови. PEN4

PENIONERI 3

PENZIONERI 1

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани