АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Заврши процесот на ажурирање на членството во прогресивната, европската и модерната СДСМ која секогаш е во служба на граѓаните, рече на денешната прес конфернеција Невена Димовска, портпарол на СДСМ-Битола.
„Досега, над 70. 000 членови на СДСМ го реевидентирале своето членство во партијата. Во ОО на СДСМ Битола и понатаму можат да ни се приклучат нови членови бидејќи остануваме отворени за сите оние кои ги поддржуваат нашите политики и идеали. Следува процес на издавање на новите дигитални членки книшки и реализирање на првите внатрепартиски избори, по највисоките демократски и организациски стандарди. На 21 март СДСМ ќе демонстрира највисок можен облик на внатрепартиска демократија! Им се заблагодаруваме на нашите другари и другарки и целото членство за ангажираноста, мотивацијата и желбата за реализација на овој револучионерен, пионерски чекор во партиското дејствување. СДСМ продолжува да се менува, за уште подобро и попосветено да им служи на граѓаните и државата“, рече Димовска.
Од СДСМ подочуваат дека завршувањето на процесот на ажурирање на членството во Социјалдемократскиот сојуз на Македонија се однесува само на оние членови кои сакаа да учествуваат во гласањето за избор на Претседател на СДСМ кое ќе се одржи на 21 март. Сите членови на партијата кои не се реевидентирале од различни причини до 25 февруари годинава, истото може да го сторат во просториите на СДСМ.