
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битола ќе добие над 11 милиони дернари како надоместок за штетите што ги трпи од производството на енергија од фосилни горива. Горан Милевски прв човек на Министерството за локална самоуправа соопшти дека на предлог на оваа инстутуција, Владата донесе одлука, Министерството за животна средина да распредели 38 744 498 денари по основ на надоместок за производство на енергија од фосилни горива, како наменски дотации на десет општини. Меѓу низ Битола ќе добие најмногу средства од државата каса и тоа над 11 милиони денари или 30 проценти од вкупниот износ.
Еве го распоредот на средствата:
Новаци 5.154.590
Битола 11.272.125
Могила 2.454.567
Кичево 786.170
Неготино 26.000
Гази Баба 5.067.578
Аеродром 1.543.135
Кисела Вода 781.093
Центар 2.857.657
Чаир 8.801.583
Имаше застој во исплатата на средствата, но по предлог на Министерството за локална самоуправа, Владата донесе одлука средствата да бидат распределени низ општините.
„Министерството правеше детални анализи ангажирајќи експерти за проверка на методологијата. Анализите укажаа дека ваквото одредување на распределба на средства е најправично и донесе одлука за продолжување на примената на методологијата“, рече Милевски.
Средствата се наменети исклучиво за еколошки проекти.
Во Битола денес се регистрирани 97 новозаболени, 4 починати и 1053 активни случаи. Хоспитализирани се 127 суспектни и позитивни на ковид-19. Денеска ставена е во функција и Модуларната болница
Општина Битола набави транспортно возило-минибус, наменето за лицата со попречености. Преку проектот Зајакнување на општинските совети, по реализираните 4 форумски сесии со граѓаните, како еден од најприоритетните проекти беше изгласана набавката за возило, прилагодено на лица со попречености.
Зборот “ОБРАЗОВАНИЕ”, започнува со “ОБРАЗ”. Лексички, зборот ОБРАЗОВАНИЕ не може без зборот ОБРАЗ, но во метафизичка или онтолошка смисла на зборот, може едно без друго.
Административното и дополнителното образование во текот на целиот живот е нужно и тоа како потребно, но тоа ни оддалеку не е гаранција дека ќе имаме “ОБРАЗ”. Образот (како таков), е колаж од многу животни ситуации, а можеби најголемо влијание врз чистотата на образот има генетската предиспозиција. Иако, во текот на целиот живот го “градиме” образот, сепак, човек со ОБРАЗ се раѓа. Зотоа ни треба образот, за врз него да го “накалемиме” образованието. Оти, нели, едно без друго – не можи ! Образот е визуелизација (слика) на нашата душа, транскрипција на табиетот. Тој (образот) не е нешто што се учи, нешто што може да се направи, купи или позајми. Образот едноставно, го имаме од памтивек, од дедо прадедо и така наназад, далеку во праисторијата.
Образот е пасош за образованието, а визата, е визата за тој пасош може да се заслужи (само) со постојана работа и постојана потрага по убавото. Не е важно дали се живее во мала средина или во голема метропола, околината наша секогаш ќе биде иста. Секогаш околу нас ќе има комшии, пријатели, лицемери, роднини, муви, пијаници, цвеќиња, улици, реки, небесен свод,...
А кога веќе околината секаде е иста и кога с'е е измислено, тогаш, наше е само како ќе ги составиме елементите, компонентите. Наше е само како ќе ја направиме композицијата. За неа (композицијата) вреди да се потроши цел еден живот, и не сум сигурен дека еден живот е доволно време. Потрагата по убавото е Боженствена работа и тука можеби се наоѓа нашата единствена и вистинска конекција со Севишниот, а тоа е - потребата да се твори. Господ Бог го створил светот и човекот, а ние како дел од таа Боженствена творба, ја имаме истата потреба – да твориме, да создаваме и на творбите да им даваме душа.
Мојот роден град Битола е токму таков град – град со душа и голема традиција. Но, тоа не значи дека во мојот град со ништо не треба да се интервенира, дека се' има и дека ништо не му недостига. Напротив, токму духот на овој град (и традицијата) не обврзуваат и апелираат на нас, да правиме убави работи, да градиме неповторливи нешта. А, потребата за нешто ново, убаво и неповторливо, или ја имате, или ја немате – нема трето. Потребата да се изгради нешто повеќе, не е нова и не е привилегија на денешното-модерно време. Потребата да се гради е многу стара. Таа е стара колку и ЧОВЕКОТ СО ОБРАЗ.
Дипл. Инг. Арх. Зоран Николовски
