
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
После многу протести, договори и преговори, конечно некој од надлежните одговори на барањата на Шумската полиција. За првпат после 22 години шумските полицајци добија за 30 проценти повисока плата. Со ова покачување основната плата на еден шумски полицаец изнесува околу 23.000 денари и плус другите додатоци. Од Независниот синдикат на шумската полиција велат дека министерот за земјоделство, Аријанит Хоџа, за неочакувано краток период започнал со реалзиација на дадените ветувања за повисоки палти, подобрување на условите и правата на Шумксата полиција,.
Стадионот под Тумбе Кафе од птичја перспектива! Изградбата влегува во финална фаза. Видео снимка од ФБ профилот на Валентин Груевски
Лицата со интелектуална попреченост да добијат приоритет во имунизацијата по претходно спроведена детална анализа на здравствената состојба, бараат од Регионланиот центар „Порака“по последниот смртен случај на 19-годишната девојка со Даунов синдром во Битола. Тие со допис до Министерствата за здравство, труд и сопцијална политика и Народниот правобраниртел побараа да преземат дополнителни итни мерки со кои ќе осигурат соодветна здравствена заштита во услови на пандемија со коронавирусот за оваа ранлива категорија на граѓани.
„Во овој период кога е актуелна имунизацијата против ковид-19, потребно е вклучување на лицата со интелектуална попреченост како приоритетна група во масовната вакцинација на населението, на што задолжително треба да претходи детална анализа на здравствената состојба, а со тоа и избор на тип на вакцина“, посочуваат од Регионалниот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост.
Од Центарот велат дека имајќи ја во предвид нарушената општа здравствена состојба и слабиот имунитет кај повеќето лица со интелектуална попреченост, а со оглед на последиците кој корона вирусот ги предизвикува, потребно е овие лица да добијат приоритет при остварување на здравствена заштита (прегледи, третмани, интервенции, лекарства и хоспитализација) во време на пандемија.
„Воедно, да се обезбеди придружник при хоспитализација на лице со интелектуална попреченост, без ограничување на возраста, со цел успешно да се оствари потребната здравствена заштита. Ова е особено важно поради ограничената можност и потешкотии во комуникацијата кај лица со потежок степен на интелектуална попреченост“, пишува во соопштението.
Тие потсетуваат дека Република Северна Македонија ја има ратификувано Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост во 2011 година, па државата е должна да обезбеди највисок достапен стандард на здравствена заштита за нив без дискриминација врз основа на попреченост.
Денеска во Битола се регистрирани 100 новозаболени, 2 починати од КОВИД-19 и едно починато лице со симптоми на коронавирусот. Активни се рекордни 1246 случаи, по што Битола е на врвот од општините со заразени кај кои болеста е во тек
Во последните 24 часа се направени 3.927 тестирања, а регистрирани се 1.163 нови случаи на КОВИД-19 во
