2win800x200

Вандали дивееја низ битолското шеталиште

Октомври 29, 2017

Вандали во текот на ноќта ја демолирале урбаната опрема на битолското шеталиште. Позади себе оставиле пустош, превртувајќи ги и уништувајќи ги жардинерите со цвеќиња, а исто така искршиле и десетина корпи за отпадоци.

Ваква грда слика затакнаа утрово битолчани кои рекреираа во паркот. Претпоставуваат дека ова е дело на млади лица и се чудат од каде ваквиот деструктирвен порив.park3

-И претходните денови забележавме група на млади момчиња како уништуваат една клупа во паркот. Ги прашавме „зошто кршите“, а еден од нив иронично ни одговори„ ние ја поправаме, не ја кршиме“, а другите се семееја. Исплашени да не не нападнат заминавме. Ете, утрово на што наидовме- велат постари битолчани кои често шетаат низ паркот.parkl

Вакви деструктивни појави без забележани и пред пет години на битолското шеталиште кога вандали ги крешеа засадените дрвца, клупите, канделабрите... Откако медиумите почнаа често да пишуваат за тоа, беа преземени мерки и ваквите налети запреа. Сега, една недела по промената на локалната власт во Битола повторно повампирија старите лоши навики.  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани