2win800x200

Директно

Статистичките податоци покажуваат дека традиционално, во летниот период,  двојно се зголемува бројот на сообраќајни незгоди, а со тоа двојно се зголемува и бројот на загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди. Минатата година во месеците јули и август 28 лица го загубиле животот во несреќи на патиштата низ државата, а за да се намали оваа бројка , летово се реализара кампањата под мотот „ Тргни порано, вози побавно, стигни безбедно. Оваа лето, безбедноста на прво место!" - Вози одговорно!

Македонскиот музички волшебник, кој средно музичко училиште го завршил токму во градот на браќата Манаки, Битола, композиторот Љупчо Константинов, е годинешниот добитник на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ на Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“ што годинава по јубилеен 40 пат ќе се одржи од 14 до 21 септември во Битола. Наградата ја доделува Друштвото на филмски работници на Македонија.

Познатиот македонски композитор Љупчо Костадинов е годинешниот добитник на наградата ,,Голема ѕвезда на македонскиот филм" на 40 издание на фестивалот ,,Браќа Манаки". Оваа награда ја доделува Друштвото на филмските работници во Македонија. 

Забрането е искористување на фотографии од порталот Апла.мк без да се наведе изворот! Непрофесионално е да се крадат и злоупотребуваат фотографии од нашиот портал и да се користат за нечие исмејување или величење. Овој пат нема да го именуваме лицето што го направи тоа, но случајот ќе го пријавиме во Советот за етика. Доколку не ги повлечи, без дозвола земените фотографии, ќе следува и тужба.

Животната приказна полна страдања на Гита Калдерон, една од неколкуте Евреи од Битола кои го преживеаја Холокаустот, преточена во театарски перформанс од страна на учениците од гимназијата „Јосип Броз Тито“ под водство на професорот Никола Трајковски, ќе биде одиграна на Тумбе Кафе на 11 август годинава. Претставата е дел од четвртиот Меѓународен младински камп „Патоказ кон помирување 2019“ што од 4 до 18 август се одржува во Битола.

Во Музејот на град Зеница во Босна деновиве е поставена изложбата „Невестински соништа“ на етнологот д-р Мери Стојанова, кустот советник во битолскиот Завод и музеј. Изложбата се состои од постери и пет копии сувенири на невестиснки ковчези од 19 и почетокот на 20 век во кои невестите го носеле својот чеиз.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани