2win800x200

Директно

Општина Битола ќе набави 4 еколошки автобуси и 4 до 5  еколошки мини комбиња кои ќе бидат вклучени во јавниот превоз на градот. Вкупната вредност на овие возила е 1 милион и 250 илјади евра. Автобусите ќе бидат вклучени во меѓуопштинскиот училишен превоз, а комбињата ќе се користат за потребите на граѓаните, за спортисти и спортски натпревари, здруженија на граѓани, ученици, пензионери и др. И автобусите и комбињата ќе бидат во сопственост на новото јавно претпријатие за паркинзи и превоз.

Од денеска  започнува наплатата на  паркинг услугите на четирите затворени паркинзи во Битола: кај Јавор, Стара автобуска, Центар за култура и Спортска сала, информираат од јавното претпријатие за паркинзи.

Битолчанки кои никогаш не биле актерки, синоќа премерно ја изведоа претставата „Жени“ во која со публикаа ги споделија своите лични животни приказни за борбата со канцерот.

Целосно е реновирана службата за итна медицинска помош во битолскиот Здравствен дом, променети се сите инсталации, подовите, ѕидовите, санитарните јазли и просториите кои што лекарите и медицинските сестри ги користат како соби за прегледи, приемното одделение, потоа просторијата за домашана посета е направена во специјална просторија за едукација на младите лекари. Набавен е нова канцелариска опрема и медицински мебел, како и нов   стоматолошки стол  во Ургентната стоматолошка служба.  Реновирањето  е напраевно од сопствени средства.

Бесплатна замена на печките на дрва со инвертори,   проект кој ќе започне да се реализира  претстојната грејна сезона и тоа најпрво во Битола, Тетово и Скопје, а потоа и во другите градови, најави премиерот Зоран Заев при денешната посета на Битола.  Овој проект кој ќе зnачи намалување на аерозагадувањето  Владата го реализра заедно со Државните електрани.

Зградата на  СОУ  „Д-р Јован Калаузи“ кое ја отсликуваше комплетната негрижата во битолското образование  во изминатите години, сега добива нов лик. Променет е изгледот на  дел од фасадата  која се распаѓаше од влага поради дотраената водоводна инсталација во тоалетите во училиштето. Од влагата беа уништени и ѕидовите на училницата до тоалетите. Во вакви услови со години посетуваа настава средношколците од Медицинското училиште во Битола. Освен реконструираната фасада, целосно се санираат тоалетите во училишната зграда, а активностите се во тек. Водоводната инсаталација која беше во очајна сосотојба компелтно е променета, санитариите се пристигнати, се заменуваат старите плочки, а променета е и дограмата.

 „Водовод“   започна со исклучување на дивите приклучоци на водоводната мрежа кои беа пронајдени  по контролите што летово ги спроведе јавното претпријати за утврдување  на евентуални злоупотреби од еноромна и неправилна потрошувачка на вода за пиење. Со извршените акциите од страна на ЈКП „Водовод“ Битола откриени  се повеќе  случаи на  нелегално користење на вода за пиење. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани