2win800x200

Директно

Утрово најстудено е во Битола каде се измерени -13 степени по што следуваат Крушево со -11 и Берово, Претор и Дебар со -9 степени. Во Тетово, Охрид, Прилеп и Пожаране утринската температура е -8, во Крива Паланка и Виница -6, во Струмица и Куманово -4, во Скопје, во Штип и во Демир Капија -2 степена.

 

За 4 цм се зголеми водостојот на Преспанското Езеро за само една недела. Поради долгиот сушен период нивото на водата во езерото е загрижувачко, затоа што е  44 цм под апсолутниот минимум измерен во 2008 година.  Иако водостојот  е зголемен  за само 4 цм, врнежите се добредеојдени по долгиот сушен период.  

Велушка Река ја претвори во кал живинарската фарма во Породин, откако вчера се излеа од своето корито и ја поплави. Нема угината живина, но надојдената река предизвика материјална штета.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани