2win800x200

Штети од торнадото во Живојно (Фото)

Јули 20, 2021

 

Најпрво се слушна силна бучава, а потоа следеше ветер со огрмна брзина и вител кој носеше се со себе. Вака раскажуваат жителите од Битолското село Живојно кои деновиве за првпат се соочија со торнадо. Во дел од селото сликите се застрашувачки-разурнати објекти, однесени покриви, ламарини и ќерамиди насекаде, а штети има на земјодлеската механзиација и на автомобилите.

-Куќата ми ја откри цела, ќерамидите летнаа, после заврна, вода ми течи одсекаде. Однатре гледавме ќерамиди летаат како книги, вели Љубо Каранфиловски од Живојно.

-Уништени ми се шталата, трлото, дел од куќата. Од кај соседот покривот падна кај мене, рече Ацо Лазаревски. 

За среќа нема повредени ниту жртви. Некои од мештаните кои се затекнаа надвор велат едвај спасија жива глава.

-Едно време се стемна и ветришта фатија. Се фатив за цевката реков да не падне нешто да ме отепа. Сетоа тоа помина, се гледаме живи сме. Внучињата викаат ни ја нема гаражата, ја крена ветрот. Гледаме и на комшијата му ја нема гаражата, вели Стево јанакиевски од Живојно. 

Други пак, велат дека звукот кој претходеше на ова торнадо, беше предупредување да влезат дома.

-Кога влегов дома слушнва силно зуење, како да имаше илјадници улишта пуштено. Тоа траеше 10-15 секунди. Кога излегов да видам, тоа беше чудо, Младен Атанасовски жител на Живојно

Познавачите потврдуваат дека ова е првото торнадо во Македонија, со ветер околу сто километри на час.

-За да се случи торнадо треба да ја допре земјата. Кога ќе ја допре земјата и ќе почне да врти на земја, станува збор за торнадо. Иако беше краткотрајно, траеше десетина секунди, можеме да кажаеме дека се случи. Настанува во овој период кога има ненадејни продори на студените воздушни маси од север, со што при мешањето со топлите воздушни маси се формираат такви вртлози, изјави професорот по географија Мите Ристов. 

Мите Ристов  уверува дека Македонија не е подрачје каде може да се очекуваат интензивни појави на торнада со поголема јачина од ова во битолското село Живојно. 

 

216908275 203489135041782 8522155043383040662 n

218836182 276494800940864 3624674514683926718 n

220557485 835670247140035 8805700367627323379 n

220493455 1142906782871336 1731228915081148765 n

220088586 2244581229018458 333134907758913438 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани