Заразата најмногу во моментот се шири во Битола, базичниот репродукционен број највисок

Април 05, 2021

Битола во моментот е најголемо жариште на КОВИД-19  затоа што базичниот репродукционен број R0 кој покажува колку лица може да зарази еден заболен , изнесува 1,48 и е највисок во државата.   Жарко Караџовски, претседател на Комисијата за заразни болести,  на прес конференција што се одржа денеска рече  дека сега  Битола е најголем проблем, а иако  не може веднаш да се очекуваат резултати од новите мерки,  сепак ефектите ќе се видат за  две недели.

-Битола е проблем во државата со R0 1,48, односно еден  заразува еден ипол граѓанин. Дали мерката ќе вроди со плод веднаш? Не. Меѓутоа одиме на подолги стази, а тоа е двонеделен период, за таков период доколку народот почитува мерки , ќе вроди плод. Имаме на територија на цела држава распространето ширење на вирусот , но бидејќи ја менаџираме состојбата, не би ја оценил како катастрофална, зашто се уште имаме здравствени капацитети за хоспитализацвија, рече Караџовски

Базичниот репродукционен број е различен во сите ргадови, па во Битола е највисок -1,48, а потоа следи Куманово  -1,18, Тетово нешто над 1, а Скопје за првапат паѓа под единица и е 0,99.

-Пет градови во моментот се во моментот критични поради инфраструктурата и премореноста на здрасвениот пероснал, а епидемиолошката сосотојба е несигурна рече Караџовски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани