2win800x200

Роденденот на Тоше Проески-Не сакам да ми симнувате капа. Само сакам да се гордеете со мене

Јануари 25, 2021

 

На 25 јануари 1981 година во Прилеп е родена најголемата македонска музичка ѕвезда, Тоше Проески. За нас, Тодор Проески вечно ќе има 26 години, а ние ќе го славиме денот на неговото раѓање и денеска, по 40-ти пат.

Цели 14 години како се сеќаваме на неговата човечност, несебичност, скромност… Да се потсетиме на мал дел од неговите мисли преточени во цитати.

 

-Кога ќе ви одземат сè, ќе ви останат двете раце, составете ги една до друга за молитва… Tогаш ќе бидете НАЈСИЛНИ.

-Да имам огромна моќ, макар и накратко, би направил да исчезне омразата и злото и луѓето меѓусебно да делат љубов.

-Цел свет е убав кога си насмеан. Кога си нерасположен, те нервира и сончев ден.

-Суштината на животот е да се сака, да имаш некој што те сака, да си сигурен дека те сака и дека е само со тебе.

-Човекот мора да остане човек, без оглед на тоа со што се занимава и каков успех постигнал.

-Љубовта не е нешто со кое треба да тргуваш. Испрати ја и не очекувај кусур. Не биди себичен.

-Сакајте се! Правата љубов е онаа љубов која ја дариш, а не очекуваш да биде возвратена. Кога се чувствува чувството на љубов, доволно е едносмерно. За врска треба да биде двосмерно, а за љубов е доволно само едносмерно.

-Не сакам да ми симнувате капа. Само сакам да се гордеете со мене.

-Никогаш не би се откажал од пријателите. Секогаш би бил со нив. Во добро и во зло. Во добро да се радувам, во зло да помогнам.

Тоше Проески загина на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка во Хрватска. Владата на Република Македонија во негова чест во неговото родно Крушево изгради мавзолеј – Спомен куќата на Тоше, каде низ музејска поставка од восочни фигури со неговиот лик во природна големина, лични предмети, музички инструменти, фотографии, видеа, сувенири… е прикажан целиот негов живот и музичкиот опус во кусата, но пребогата кариера.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани