2win800x200

Во Нова Битола ќе се гради нова градинка што ќе згрижува над 150 деца

Декември 14, 2020

 

Битола ќе добие нова детска градинка со капицитет за згрижување на околу 150 деца. Локацијата е избрана во Нова Битола, во југозападниот дел од градот, спроти основното училиште „Св. Климент Охридски“, со капацитет за згрижување на најмалку 147 деца на возраст од 6 месеци до 6 години. Изградбата на новата градинка во Битола е дел од Компонентата 2 од Проектот за подобрување на социјалните услуги на Министерството за труд и социјална политика, што е поддржан од Светска Банка, а чија цел е проширување на пристапот и подобрување на квалитетот на системот за згрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст, велат од Министерството за труд и социјала  политика .

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани