2win800x200

ЛОВЏИЈА ОД БИТОЛСКО ТЕШКО ПОВРЕДЕН СО ОГНЕНО ОРУЖЈЕ

Декември 02, 2020

35-годишен жител на битолско Канино е повреден со огнено оружје денес при лов над селото. Од Битолската полиција за Апла.мк велат дека првично добиле пријава од Итната медицинска помош дека во село Канино има повредено лице со прострелна рана од огнено оружје. Неофицијално дознаваме дека тој бил на лов со друго лице и дека биле испукани два куршума од ловџиска пушка. Случајот ќе се истражува.

Од Клиничката болница во Битола велат дека пацинетот бил донесен со повреди на главата и градниот кош нанесени од огненострелно оружје. Веднаш преку Неврохирургија бил примен на САРИЛ и е во тешка здравствена состојба.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани