2win800x200

Денешно резиме: ВМРО-ДПМНЕ во одбрана на партизаните, СДСМ- тешко на хероите кои ги бранат тие

Ноември 27, 2020

„Оставка на Заев, слобода на народот“, вака беше насловен вечерашниот протест во организација на ВМРО-ДПМНЕ низ седум градови во земјава, меѓу кои и Битола. Протестот се одржа со возила вечерва низ битолските улици.  Започна  во 17, 45 часот од пред ОО СДСМ Битола и продолжи по улиците: „Кирил и Методиј“,  Бул. „1-ви Мај“ , „Васко Карангелевски“, „Партизанска“ и „Климент Охридски“ . Од таму граѓаните се упатија пред споменикот на Стив Наумов. На еден од транспарентите пишуваше „Додека СДС не умре, Македонија нема да живее“. 

Иванчо Тошевски од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Битола на својот фб профил напиша  дека треба граѓаните да се обединат против , како што пишува, „ова досега незапамтено зло што и се случува на Македонија и дека сите имаат обврска пред:
СТИВ НАУМОВ
ЕЛПИДА КАРАМАНДИ
ДИМИТАР НИКОЛОВСКИ(ТАКИ ДАСКАЛО)
ТОДОР АНГЕЛОВСКИ(ТОШО ДАСКАЛО)
ПЕЦО БОЖИНОВСКИ
БЛАЖЕ ДИМИТРОВСКИ РОГОЗИНАРО
ЃОРЃИ НАУМОВ
КОЧО ДЕСАНО
ЕСТРЕЈА ОВАДИЈА - МАРА, луѓето кои своите животи несебично ги подарија за денешнава слобода во борбата со фашистите“.


„Да се обединиме надпатриски, без разлика на вера и било кое друго убедување. Оваа битка можеме да ја добиеме само заедно сите! Ги повикуваме и претставниците и борците од НОАВМ, ги повикуваме и Наташа Петровска, Бисера Костадиновска, Златко Ќурчиевски и сите членови и приврзаници на СДСМ, да се одважат во последниот момент и да покажат дека ја сакаат Битола, да покажат дека не било лицемерие нивното колнење и аманетот во борците на антифашистичката војна и народно-ослободителната револуција. Тоа, мора да го направат сега, во космополитска Битола, само од проста причина што нивните деца ќе живеат овде, меѓу нас, во Битола. Тоа, им го должат најпрво ним. Прогресивната и обединета Битола и денес нека покаже, дека еден Заев не може да го разурнува и уништува, не може да го угасне вековниот слободарски дух на битолчани“, напиша Тошевски.

Следуваа и две соопштенија од СДСМ . Во првото напишаа: „Републикава и тоа го дочека. ВМРО – ДПМНЕ да ги штити и брани народните херои од Антифашистичката народноослободителна борба. Хероите што до вчера ги имаше заборавено, што ги деградираше и омаловажување со секое бришење на нивните имиња од улици и институции, во виорот на античката лудорија. ВМРО – ДПМНЕ денес зборува за партизаните чии гробови сеуште не знае каде се, залутана меѓу грандиозните споменици од антиката. Тешко на народните херои, а тешко и на државата, ако ДПМНЕ треба некого да чува и брани. Тоа е секогаш по потреба и со умисла“.

„Аман, нека не бранат веќе ништо никого. Република Северна Македонија има и кој да ја брани, и кој да ја чува и кој да ја сака. Секојдневно и со дела. А, и ДПМНЕ има кого да брани. Екс премиер во бегство и еден куп негови соучеснции во злоделата против граѓаните на оваа земја. Мицковски нека остане посветен само", се наведува во соопштението на ОО на СДСМ-Битола. 
 
Другото соопштение содржеше коментар за транспарентот од протестот на ВМРО-ДПМНЕ на кој пишуваше: „Додека СДС не умре, Македонија нема да живее“.
 
„Морничави, некрофилски, нечовечки транспаренти беа и останаа редовен декор на собирите на ВМРО – ДПМНЕ. Или на она што остана од оваа партија. Како 'вистинска' демохристијанска партија, ДПМНЕ уште еднаш ја потврди својата мрачна страна, во која смртта на политичкиот противник, очигледно, е централна преокупација.Посакувале смрт и порано, шетајќи со крст за лидерот на СДСМ. Повикуваа и на палења, посакувајќи да изгорат нивни сограѓани од страв да не ги заразат. Денес, пак, тврдат дека нечија смрт, може да донесе слобода некому“, пишува во соопштението. 
 
 
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани