2win800x200

Рекорден број на заболени во Битола, според Министерство за здравство денес дури 10

Октомври 08, 2020

Денес се регистрирани 10 новозаболени битолчани што е рекорден број во последните месеци. Податокот е објавен на фб профилот на министерот за здравство Венко Филипче, како и од Институтот за јавно здравје.  Од појавата на пандемијата со ковид-19, само еднаш Битола на дневна основа имаше повеќе заболени , дури 11, инаку сите други денови бројките беа помали. Од центарот за јавно здравје во Битола, пак, соопштија дека не се десет, туку 9 заболени.  Оздравени се четворица битолчани. Од појавата на пандемијата до сега се заразиле  354 битолчани, а 84 се активни случаи.

 

Во последните 24 часа се направени 2140 тестирања, а регистрирани се 364 нови случаи на ковид-19 во:

-Скопје 184
-Куманово 13
-Дебар 1
-Штип 13
-Прилеп 12
-Тетово 19
-Струга 6
-Велес 4
-Битола 10
-Охрид 4
-Кавадарци 5
-Гостивар 4
-Гевгелија 5
-Струмица 21
-Крива Паланка 5
-Радовиш 11
-Кочани 17
-Пробиштип 2
-Македонски Брод 1
-Берово 3
-Валандово 3
-Виница 2
-Делчево 4
-Свети Николе 11
-Кичево 3
-Неготино 1

Починати се 3 лица, од Охрид (73г.), Гостивар (62г.) и Радовиш (72г.).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 106 оздравени пациенти од:

-Скопје 35
-Куманово 12
-Дебар 2
-Штип 3
-Прилеп 16
-Тетово 6
-Струга 3
-Велес 4
-Битола 4
-Охрид 4
-Кавадарци 1
-Гостивар 1
-Гевгелија 1
-Струмица 4
-Крива Паланка 3
-Пробиштип 1
-Македонски Брод 2
-Свети Николе 2
-Кичево 1
-Ресен 1

Досега во земјата се направени вкупно 201512 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 19777, бројката на оздравени пациенти е 15855, на починати е 775, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3147.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани