АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Отворени се сите девет градинки кои се водат под надлежност на ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“ во Битола, каде згрижени се 459 деца. Директорката Лидија Тфирст Митревска за Апла.мк соопшти дека работата се одвива строго по протоколи, се примаат деца на десетминутна разлика, без меѓусебни контакти на различни воспитни групи, со често миење на раце кај воспитаниците и воспитниот кадар, со дезинфекција на секои два часа, по 15 деца во група, шест во јасли и ред други пропишани активности во протоколите.
„Од 680 запишани деца до пред затворањето на градинките по претходно спроведена анкета родители на 516 деца потврдија дека имаат неопходност веднаш да ги сместат децата во градинки по олабавувањето на мерките, па така сега се згрижени 459 деца, има места уште за 57 по градинките во руралните средини. Просториите се дезинфицирани и воспитната работа се одвива според сите пропишани протоколи“, изјави Тфирст Митревска.