На денешен ден починал познатиот форензичар д-р Рајс, чие срце по негова желба почиваше на Кајмакчалан

Август 08, 2020

На денешен ден 08.08.1929 во Белград починал д-р Родолф Арчибалд Рајс, познат форензичар од времето на Првата светска војна, чие срце било однесено во капелата на врвот Кајмакчалан.

Фотографијава (детаљ) е снимена во с.Бач, Битола, 1928 од страна на Јанаки и Милтон Манаки, а е дел од изложбата “Првата светска војна - Сеќавања” (WW1Remembering) која сеуште е отворена во Мала Станица во Скопје. Оригиналната стаклена плоча се чува во Државниот архив на Македонија, одделение Битола.
 
Нека му е вечна слава, објави на својот ФБ профил  Роберт Јанкулоски, фотограф и хроничар на животите на браќата Манаки.
 
Јанкулоски посвети многу години во истражување на нивното творештво, а автор е и на документарниот филм "Манаки-приказна во слики".
 
Исто така, автор е на голем број изложби со фотографии од Првата светска војна, поставени кај нас и во Франција
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани