2win800x200

Дури 165 битолчани се со решение за изолација поради контакт со позитивни на коронавирусот

Август 05, 2020

 

Заклучно до денеска 165 лица од Битола се со решение за изолација поради контакт со лица кај кој е потврден вирусот КОВИД-19, информираат за АПЛА.мк од СВР Битола. Оваа бројка е поголема од бројот на потврдени заболени лица од коравирусот во Битола која од почетокот на кризата до денес изнесува  143 од кои 65 се активни случаи.

-На 04.08.2020 год. на подрачјето на Битола моментален број на лица на кои им е издадено решение за изолација и врз кои се вршат котроли од страна на полициски службеници од ПС Битола е 154. Во текот на 04.08.2020 год. издадени се 11 нови решение на лица во изолација, потврдува Ана Крстиќ аналитичар  при СВР Битола. 

Битола се проценува дека е меѓу градовите со  фаза 2 на ризик од КОВИД-19, со спорадични случаи, според категоризацијата од СЗО, информираат од Центарот за јавно здравје во Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани