2win800x200

Нема пропусти во постапувањето со пациентот позитивен на КОВИД-19 во битолската болница, утврдил Санитарно - здравствениот инспекторат

Април 18, 2020

Во  Клиничката болница во Битола нема пропуст со лекувањето на пациентот за кого 5 дена се чекаше резултатот од КОВИД тестот, утврдил Санитарно-здравствениот инспекторат.

Директорката ДЗСИ Ирина Бухова вели дека имало два вонредни надзори и е утврдено дека патот на пациентот од ургентно, до психијатрија и потоа  до интерно одделение,  на крај до инфективно одделение во битолската болница, бил изведен со максимална заштита на персоналот, пренесува Телма. 

  Бухова тврди дека пропуст нема и за пациентот се грижеле определени луѓе од персоналот во изолирана соба и под максимална заштита.

Инаку пациентот со психијатриска дијагноза бил примен на 10 април, а при првиот преглед на ургентно одделение немал покачена температура. Потоа бил хоспитализиран илнпрегрлен на психијатриско одделение, па  на интерно во изолирана соба, а следниот ден му било направено  тестирање, затоа што пациентот веќе имал симптоми на вирусот.

Резултатот дека пациентот е позитивен беше добиен 4 дена подоцна на што имаше реакции од некои лекари во болницата, а од менаџментот рекоа дека постапувале по протоколите. Тогаш тој беше префрлен на Инфективно одделение, а секаде каде престојувал било извршено темелно чистење и дезинфекција, а 13 лица од медицинскиот персонал кои имале контакт се во двонеделна изолација и покрај тоа што носеле заштитна опрема.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани