АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во понеделник, на празникот 4-ти Ноември, Денот на ослободувањето, Битола ќе потпише повелба за збратимување со Општина Конак од Измир, Турција. Целта на договорот е воспоставување пријателски односи меѓу двете општини на стопански и културен план. Повелбата ќе се потпише во Битола во присуство на преставници од туската општина и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска .
Конак е една од најгусто населените единаесет главни урбани области во Измир и историски делувал како административно и економско јадро на градот. Сместен е во област што приближно одговара на географскиот центар на Измир и се протега на 11,4 километри долж јужниот крајбрежје на заливот во Измир.
Битола и Измир се поврзани долго време зашто голем број на Македонци кои во минатото се иселиле од овде живеат во Измир, а таму живееше и е погребан битолскиот песнописец Ајро Демировски, автор на антологиската песна „Битола мој роден крај“.