2win800x200

Три машки бебиња се родија во Битола на првиот ден од Новата година

Јануари 01, 2019

Четириесет минути по полноќ, во битолската Клиничка болница се роди првото бебе во Новата година. Мајката Александра Максимиовска од Битола, на свет донесе здраво машко бебе, тешко 3250 гр и долго 49 цм..

-Ова ми е второ дете, се породив спонтано, се е во ред. На сите им поскаувам среќни празници и сите да се радуваат на ваква среќа, рече мајката Александра.

Во текот на денот се породија уште две родилки, и двете со царски рез. Братица Коруновска во 10 часот и 5 минути роди здраво машко дете тешко 3200 гр, долго 49 цм. Третата родилка, Кристина Кантаровска, се породи во 11 часот и 10 минути, исто така има машко дете, тешко 3020 гр и долго 49 цм.

- Вкупно имаме 3 живородени машки новороденчиња. Посакувам ова година за многу младите да биде година во која ќе оформат семејство, кое ќе го прошират и ќе донесат на свет здрави новороденчиња. Ние сме тука да им овозможиме се што треба, изјави д-р Елизабета Чипуровска, началник на Одделението за гинекологија во Клиничка болница Битола

Мајките и трите новороднчиња, традиционално ги посети градоначалничката Наташ Петорвска, која во име на Општина Битола им подари парични средства.

-Нека бидат здрави и живи, да имаат топлина во домот и љубов. Им поскаувам среќа во Новата година, а поскаувам среќа и на сите битолчани, рече Петровска.

DSC 3746

DSC 3776

DSC 3783

DSC 3798

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани