АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Советници, НВО активисти, актери, уметници, адвокати, планинари, спортисти и други битолчани ќе добијат субвенции за велосипеди од страна на Општина Битола. Општината на својата веб страница вчера го објави списокот со имиња и адреси на граѓаните чии апликации се прифатени. На списокот се 193 лица од Битола, Кравари, Буково, Крклино, Лопатица, Долно Оризари.
Меѓу советниците кои ќе добијат субвенции за велосипед се Ристенка Алтипармакова од ДОМ, партија која се залага за зелени општини со цел подзрав живот на граѓаните, како и Иван Чулаковски од Поинаку, познат активист кој се залага за чист воздух во Битола. На листата има и роднини на познати градски личности, поранешни членови на ПОДЕМ, како и активисти на невладини организации кои подолго време иницираат активности против аерозагадувањето и за побезбеден сообраќај во Битола. Има и семејства со по три члена кои доставиле апликации за субвенции и се меѓу одобрените.
Ова е една од мерките што ги презеде Општина Битола со цел намалување на аероздагаувањето. Како мерка за првпат се спроведува на територија на битолската општината. Субвенциите се наменети за граѓаните кои купиле велосипеди оваа година додека траел конкурсот и тоа го потврдиле со доказ во оригинал- фискална сметка или фактура со извод од деловна банка од денот на објавување на повикот. Износот што ќе се субвенционира ќе биде до 30 проценти од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3000 денари.