2win800x200

Министерката Бисера Костадиновска има два стана во Скопје и вози „џип“

Април 26, 2024
фото Фронтлајн.мк фото Фронтлајн.мк

Апла.мк во следниот период, додека трае изборната кампања, ќе ги објавува имотните листови на дел од кандидатите за пратеници на претстојните парламентарни избори, од сите политички партии кои и досега извршувале јавни функции. Податоците ќе бидат официјални според анкетните листови приложени до Државната комисија за спречување на корупција.

За почеток го анализираме имотниот лист на министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска, како кандидат за пратеник која на овие избори е со највисоката функција  во власта https://dksk.org.mk/imoti_2/

Според имотниот лист приложен од Костадиновска-Стојчевска откако станала министер за култура се потврдува дека таа од периодот кога била пратеник, до актуелниот нејзин статус како министер, прикажала нов стан во Скопје (втор по ред)  и автомобил „џип“. 

До 2022 година кога Бисера Костадиновска била пратеничка меѓу другото прикажала стан во Скопје од 34 м2 (стекнат како подарок), и автомобил „сузуки“ .

По јануари 2022  година откако станала министер за култура, прикажала нов стан во Скопје од 41 м2 (стекнат со договор за купопродажба) и навела вредност од 30 илјади евра ( што во просек значи дека по квадрат платила околу 730 евра).

Во последниот анкетен лист Костадиновска Стојчевска прикажала и возило „џип“ (Jeep) и навела вредност од 1.230 000 денари или околу 20 илјади евра.

Бисера 1

Во последниот анкетен лист, министерката навела и дека се задолжила со кредити. Еден од кредитите земен лани е на сума од околу 57 илјади евра и треба да го исплаќа до 2053 година.

Од имотниот лист се забележува дека министерката располага и со повеќе парцели во село Лавци, што претходно не се наведени.  

Бисера 2

Министерката транспарентно доставила имотна состојба и кога била член на УП на градинка во Битола, но тогаш го пријавила само возилото „сузуки“ и банкарски депозит.  

Бисера три

А.Б 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани