2win800x200

СЕ ШТО НИ ТРЕБА Е ЉУБОВ е пораката со која од Врвот Пелистер ја испраија планианрите од Олимпус Монс, 13 годишниот Јаков херој на настанот „Први на први“

Јануари 01, 2024

Веднаш после полноќ, битолчани од пред платото на Офицерски дом, ги испратија планинарите на традиционалниот, 13 по ред , прв спортски настан во годината во организација на Олмпус Монс со симболично име Први на први.

По патеката долга 13 км до врвот Пелистер на 2601 метар, годинава се искачија 80 учеснци од цела Македонија и испратија порака ""Се што ни треба е љубов". Меѓу планинарите имаше 28 девојки, но вистински подвиг направи 13 годишниот Јаков Мицевски, кој во исклучително тешки временски услови стигна до целта. Иако поради невремето не успеа да ја оствари својата најголема желба, како што рече пред искачувањето, и да го види изгрејсонцето од Пелистер, тој е херојот на годинешниот планинарски марш

00028.MTS.00 00 17 03.Still001

-Oваа година е тринаесето по ред искачување на 01.01. со цел да се дочека првото изгрејсонце во новата година. Учество зедоа 80 планинари од цела Македонија. Искачувањето траше 5:30 часа. Временските услови од над 2100мнв беа крајно неповолни со ветар од над 70 km/h и температури од -10 степени целзиусови и видливост не поголема од 10метри. Овој пат планината не ни ја покажа својата убавина, туку ни ја покажа целата нејзина суровост. 13 годишниот Јаков Мицевски од Битола е херојот на овогодинешниот настан Први На Први, и верувам дека е единствениот во Мakedonija кој во отежнати зимски услови успеал да се искачи на 2.601мнв СЕ ШТО НИ ТРЕБА Е ЉУБОВ е пораката со која од Врв Пелистер испраќаме најискрени желби за успешна 2024 година ширум цела Македонија. Ви посакуваме многу љубов, топлина, здравје, среќа и успеси во новата година. СРЕЌНА НОВА 2024 ГОДИНА, рече Иванчо Тошевски,  планинар од Олимпус Монс

 

415523594 7317987498214196 8672744114815935493 n

viber image 2024 01 01 13 54 58 755

viber image 2024 01 01 13 54 58 942

viber image 2024 01 01 13 54 59 096

viber image 2024 01 01 13 54 59 100

viber image 2024 01 01 13 54 59 266

viber image 2024 01 01 13 54 59 339

viber image 2024 01 01 13 54 59 392

viber image 2024 01 01 13 54 59 467

viber image 2024 01 01 13 54 59 561

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани