2win800x200

РЕК подготвен за грејната сезона, кон крајот на месецот во погон ќе бидат сите три блока, ископано и откриено солидно количество јаглен

Октомври 12, 2023

Преземени се сите мерки за стабилно производство на електрична енергија, соопшти генералниот директор на РЕК„Битола“ Пеце Матевски непосредно пред отпочнувањето ан грејната сезона. На денешната прес конференција тој рече дека ремонтите на блоковите 1 и 2 се завршени, а до крајот на месецот сите три блокови ќе бидат во погон. Воедно ископани и откриени се  големи количини на јаглен како во златните времиња на РЕК. Матевкси кој денес на конференцијата излезе заеднос о другите директори на единиците во РЕК рече дека успешните резултати се должат на сите вработени за што производството е како ланец каде доколку една алка не функционира ќе има проблем.

386875543 1074159290417507 4225156708154721206 n

„Нагласам дека управуваме стари машини и ситеми, со кои се справуваме се со една цел да имаме стабилно производство. Кон крајот на овој месец, оваа грејна сезона ќе ја започниме со работа на сите три блока. Тоa е благодарение на големата заложба на работниците. Производството на струја споредено со 2021 година е за 130 проценти повисоко, а во споредба со лани за два отсто, но производството продолжува и понатаму во тековната година “, додаде Матевски.

матевски

Половина милион тони ископан јаглен има на главната и помошните депонии во РЕК „Битола“, а откриени се и дополнителни два милиони тони. Сепак, бидејќи експлоатациониот век на рудниците е при крај, домашниот јаглен е нискокалоричен, па мора да се меша со увезен од Грција и Албанија. Поради тоа и во текот на грејната сезона ќе продолжи увозот на јаглен од соседството.

„Ние имаме 2 милиони тони откривка на јаглен подготвен за експлоатација, додека 500 000 тони се веќе ископани и се наоѓаат на нашите депонии. Но, сепак ќе имаме увоз на јаглен кој е со висока калорична можност за да имаме хомогенизација, односно мешање оти нашиот јаглен кој сега го копаме е со многу ниска калорична вредност“, рече Матевски.

369529207 694509972729941 4908985531312304936 n

По завршувањето на грејната сезона до пред стртот на новата директорот рече дека може да се пофалат со повеќе преземени работни активности и тоа со пуштањето на новиот БТО систем, преместувањето на јаглениот систем од 8 километри што не беше направено во последните 40 годинио, замена на старите со нови еколошки панели во разладната кула на блок 2.

„Воедно се санираат и покривите од објеките каде се наоѓаат канцелариите. Се вадат салонитните плочи и се ставаат нови кровови од просториите каде 40 години не беше вложено ништо за подобрувањена работните услови на работникот“, додаде Матевски.

368154258 24025953030382710 931791522799608491 n

На прес конференцијата учествуваа и Драги Крстев- директор по општио правни работи, Благојче Котевски- технички директор на Термоелектраната, Васко Јосифовски- директор на производство, Димитар Петковски- директор на Рудници, Златко Алексовски- директор за комерцијални работи и Владо Котевски за финансии.

370087660 830455805350808 2193356004032376390 n

Директорот Крстев рече дека и натаму актуелен е недостигот на стручна работна сила од бравари, заврувачи, електричари, ракувачи на рударски машини, профили кои ги има многу малку и на пазарот на трудот. Во РЕК нема вработувања веќе две години, комбинатот има поднесено барања за нови вработувања за што чека да добие согласност. Инаку платата на вработените е покачена за 15 отсто. 

Ж.Здравковска

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани