2win800x200

(Фото+ видео) Поминаа 25 километри пеш низ дожд и сонце за да се поклонат на гробот на Свети Наум

Јули 03, 2023

По 16 пат годинава верници од Битола, Прилеп, Велес и Скопје пеш изодија 25 километри пат во рамки на поклоненичкиот марш „По стапките на нашите предци“ за да се поклонат и оддадат почит на Свети Наум Охридски Чудотворец, голем духовен преродбеник, научник, писател, учител и еден од основоположниците на словенската писменост. Кон маршот се приклучија 48 поклоненици кои пеш ја минаа последната етапа од патувањето од село Царина, Преспа, преку пресеката на планината Галичица, па се̍ до Свети Наум.  

Поклоненичкото патување е во организација на хуманитарната организација „Утешител“ која веќе 16 години го организира во чест на големиот христијански празник посветен на преподобниот Наум Охридски.

358143411 1263846520926164 5831058412712629657 n

Поаѓањето беше вчера, ден пред празникот, во раните утрински часови, патуваа преку ден во временски услови проследени со дожд, но никој од 48 учесници не се откажа од патувањето.

358036696 2203143599874935 2892539752908969358 n

„Тргнавме ден порано, имаше вренежи од дожд, слава му на Бога што вели еден отец имавте кршевање со потпување, сосеме бевме накиснати. Годинава со најголеми искушенија, но најрадосно и најблагодатно. Учествуваа и помали деца, па се̍ до повозрасни лица над 70 години. Патеката не е тешка, пред се е благодатна, кога се оди на вакви свети места, Бог дава сили, голема радост и утеха на душата“, вели Драги Анастасовски, професор по етика на религии.  

Тој додава дека со божја помош ги откриле и оригиналните патишта по кои низ вековите наназад минувале нашите предци.

„Вистинско чудо беше како ги откривме. Откако почнавме да се движиме по нив, осознававме дека биле патеки на нашите предци. Прво сакавме да одиме по асфалт, но потоа постепено се откри целата мапа со божја помош. Ова патување е еден мал љубовен принос, духовна лепта за слава Божја, за Бог преку Свети Наум да даде благослов, мир и радост и спасение на целиот наш народ македонски“, додава Анастасовски.

358156423 177991138590182 5050159388479397726 n

358006601 644365191046968 6019158410231476267 n

358068759 1222382272494571 4163301672104365263 n

357624943 791615732406594 6933456415931064592 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани