2win800x200

Почина албански државјанин во сообраќајка на патот Битола – Прилеп

Мај 28, 2023

Синоќа во 23.20 часот било пријавено дека на магистралниот пат Битола-Прилеп кај с.Долно Српци патничко моторно возило “форд“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од Д.И.(45) од Битола (женско лице), удрило во Џ.Ф.(52) од Р.Албанија.

 

На местото на несреќата починал пешакот, а смрт била констатирана од страна на лекар од Итната медицинска помош..

Со телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од возилото, констатирани во Клиничката болница Битола.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани