2win800x200

(По повод Спасовден) НА ВРТЕШКА И „СВЕТИ СПАС“ УМОТ СЕ ВРТИ ОД УБАВИОТ ПОГЛЕД КОН ПЕЛАГОНИЈА И ПРЕСПА

Мај 25, 2023

Не попусто љубителите на природата и планинарењето се качуваат по два до три часа по срмна патека за да стигнат до манастирот „Свети Спас“ над село Маловиште на Пелистер на нарморска височина од 1910 метри, па и на погорниот врв Вртешка  на  2010 метри од каде се протега спектакуларен поглед на југозападниот дел од Македонија. Со еден панорамски поглед  лево се гледаат Пелагонија со Битола, напред пелистерските врвови, а десно Преспанските Езера. Непосредно пред храмот, на карпите, на отворено, поставена е и  камбанарија, една од најфотографираните обележја на Пелистер, а адет е кој и да се искачи таму да го удри ѕвоното.

спас2

„Манастирот Свети Спас ни е заштитник на селото, посветена на Христовото вознесение, празникот го менува датумот, но не и денот.  Секогаш се слави во четврток,  40 дена по Велигден. Колку селото и да се празни со жители, секогаш е  полно на тој ден“, велат жители од Маловишта, единстеното населено место во рамки на Националниот парк „Пелистер“.

спас3

Петеката е долга три километри и се минува со одење пеш два до три часа во зависност од кондицијата,  а горе веднаш до манастирот на планиските временски услови кои често знаат да бидат и сурови, му пркоси засолништето налик на своевиден планинарски дом кој го подигна Полициско спортскиот планинарски клуб „7 Мај“ од Битола.  Намерниците таму можат да се засолнат и одморат. Го подигнаа пред 13 години, носејќи материјали на грб со часови по стрмините нагоре низ Пелистер.

 „Засолништето во првиот момент беше идеа на дел од членовите на ПСПК 7-ми Мај, во прв ред Милош Јованчевски, Стојан Митковски и Љупчо Ѓоревски, кои од идеја до финализација на истата, учествуваа во сите активности. Да не се заборават жителите на  Маловишта кои заедно со планинарите несебично, со луѓе, коњи, работна рака и материјал учествуваа во изградбата“, раскажува Стевче Митревски планинар и претседател на ПСПК „7 Мај“.

засолништето1

Потоа клубот заедно со други поддржувачи го опремија засолништето. Тоа придонесе многу љубители на планината да се искачат на „Св.Спас“, како и на врвот Вртешка, бидејќи и да бидат затекнати од невреме има каде да се засолнат.

„Тестот на времето, овој објект ги положи со чиста десетка. Но, би сакале да ги замолите постетителите кога ќе го напуштат објектот да го остават чист и среден, за кога некој друг намерник ќе го користи, да биди задоволен од редот во истото“, вели Митревски.

По текот на патеката, љубителите на природата имаат можност од три чешми да се снабдат со питка вода. „Понекогаш, по некој од несовесните посетители знаат да ја растурат чешмата под манастирот, но ние повторно ја доведуваме во употреблива состојба. Како членови на клубот го посетуваме засолништето најмалку неколку пати во сезоната, па на тој начин , ако има некој недостаток, се трудиме да го отстраниме“, додаваат од ПСПК „7 мај“.

вода

Ова е најтешката патека од Маловиште, преку место викано "Мал Одмор" па до Свети Спас, но возможно е и движење преку други две . Едната од нив води преку манастирот „Св.Ана“, седло викано Чунот, под Мала Чука до „Св.Спас“ што се минува со пешачење од три  до четири саати. И третата патека преку која се организира планинарскиот марш „Бранители" , почнува од превојот Ѓавато, па преку по земјен пат кој го користи Националниот парк „Пелистер“. По овој пат има и  најмногу искачување, околу 800 метра надморска висина.

попглед

поглед2

Текст и фото Жанета Здравковска 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани