2win800x200

На 73 годишна возраст ненадејно почина историчарот Владо Темелковски-Лавчан. Беше професор по историја во двете битолски гимназии, а потоа и историчар во Завод и Музеј Битола. Важеше и за хроничар на Битола, а на социјалните мрежи до последно објавуваше информации и фотографии од минатото на градот. Опелото ќе се одржи утре во црквата „Св. Димитрија“, а погребот во 13 часот на Буковските гробишта. 

Историчарот Владо Темелковски-Лавчан на сојалните мрежи објави фотографија од акција за собирање на неексплодирани убиствени средства од Првата светска војна, спроведена во Народна Република Македонија во педесеттите години од минатиот век. Вакви центри, напиша дека имаше во повеќе села од Мариово, а оваа фотографија е од собирниот центар во село Брник.

Деновиве во Битола актуелна е акцијата на Дирекцијата за заштита и спасување за отстранување на гранати од Првата светска војна кај Стадионот во Битола, каде се проценува дека ќе бидат пронајдени вкупно 15 000 парчиња. Битолскиот регион е ендемско подрчје на Балканот за неексплодирани убистевни средства од Првата светска војна.  

Битолскиот Безистен фотографиран пред 36 години без фотошоп, кабли што висат од покривот, без врати отворани од местото за прозорци. Вака автентично изгледал овој објект кој со години е под заштита, на фотографијата направена од фотографот и хроничар на Битола, Љубе Николовски, некогаш вработен во битолскиот Завод и музеј, каде кој зад себе оставил богат музејски фонд. Фотографијата е позајмена од фејсбук профилот на историчарот Владо Темелковски- Лавчан и го покажува изгледот на Безистенот во 1983 година. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани