АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ повеќе од една година го спроведува проектот „РомаАБЦ оди напред - Понатамошен развој на иновативни инструменти за борба против функционалната неписменот кај Ромите и други ранливи групи во Европа“ кој е финансиран од Европската комисија преку Еразмус + програмата.
За таа цел, на 28 декември 2021 година се одржа онлајн работилница со претставници од релевнтни образовни институции, агенцијата за вработување, организации кои работат на полето образование и интеграција, ромски образовни медијатори и релевантни членови од заедницата кои го промовираат образованието кај Ромите во Битола.
Целта на работилницата беше да се претстави проектот заедно со целите и интелектуалните резултати, како и да се даде информација за претстојната тест фаза на доразвиената наставна програма за курсот за описменување заедно со прирачникот за обучувачите. Тест фазата ќе се одвива од февруари до јули следната година.
Присутните истакнаа дека овој проект е од огромна важност за Ромите и се сигурни дека ќе придонесе кон намалување на бројот на функционално неписмени Роми во Битола и зголемување на нивната вработливост. Исто така, ја изразија својата поддршка во пронатамошниот процес на имплементација на активностите до завршувањето на проектот, како и по завршувањето за да се обезбеди соодветна одржливост.
Координатор на пректот е германската организација „Контакти за Европа