2win800x200

Од утре пластичните кеси ќе се наплаќаат по 15 денари

Ноември 30, 2021

Министерството за животна средина и просторно планирање ја потсетува јавноста дека од 1 декември 2021 г. (среда) стапува на сила на обврската за наплата на кесите за носење стоки од новиот Закон за управување со пакување и отпад од пакување.



Овој Закон предвидува:
Се забранува пуштање на пластични кеси за носење на стоки на пазарот во Република Северна Македонија 

Се забранува пуштање на пластично пакување за еднократна употреба во угостителските објекти на територијата на заштитените подрачја во Република Северна Македонија.


По исклучок од ставот (1) на овој член, со плаќање на надоместок од страна на крајните корисници, дозволено е пуштање на пазарот во Република Северна Македонија биоразградливи кеси за носење на стоки кои се произведени согласно пропишаните стандарди за биоразградливост, освен многу лесните пластични кеси за носење на стоки ( чијшто дебелина  е пониска од 15 микрони).


Надоместокот кој треба да го плаќаат крајните корисници од ставот (3) на овој член за биоразградливите кеси за носење на стоки изнесува 15 денари за парче и истиот се плаќа на трговецот на местото на продажба ( надоместокот е со вклучен ДДВ).


Целта на овој Закон е да ги одврати корисниците од употреба на кеси за еднократна употреба и да ја стимулира употребата на торби за повеќекратна употреба, а засновано врз принципот „загадувачот плаќа“.

 Производителите на пластични кеси и понатаму можат да продолжат со работа, но со почитување на пропишаниот стандард за биоразградливост. Напоменуваме дека стандардите за биоразградливост беа воведени уште во претходниот Закон,  а пропишани во 2013г.

Новиот правилник за стандардите за биоразградливост е донесен и се очекува неговото објавување во наредниот број на Службен весник на Република Северна Македонија. До неговото стапување на сила важи постојниот Правилник.  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани