2win800x200

На денешен Ден во Битола е убиен Борис Стрезовски, учесник во НОБ

Октомври 30, 2021

На денешен ден 30 октомври во 1942 г. во Битола е убиен Борис Стрезовски, припадник на македонското националноослободително и комунистичкото движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија.

Роден е во Дебар во 1918 г. По професија беше учител и како просветен работник е на служба во битолските села Стрежево и Ѓавато. Од пред Втората светска војна е член на КПЈ и пројави забележителна активност во насока на револуционизирање на училишната младина и нејзина подготовка за борба против српската окупација. Ваквата националноослободителна и прокомунистичка активност ја продолжи и против бугарскиот фашистички окупатор по 1941 г.

Во летото 1942 г. во рамките на подготовките за напад на бугарската воено-полициска станица во селото Кажани од страна на Партизанскиот одред "Дамјан Груев", тој ја доби задачата да изработи детални скици за објектите во селото во кои беа сместени непријателските воени и полициски сили и на пристапните патишта до нив и таквата задача успешно и педантно ја изврши. По провалата што уследи по оваа партизанска акција, тој беше уапсен од бугарските власти, подложен на долготрајна полициска тортура и осуден на смрт со бесење. Казната беше извршена во дворот на затворот во Битола.

Подготвил: д-р Александар Литовски, историчар

 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани