2win800x200

Сузбиена осумчелна група која криумчарела артефакти, седумина од Битола и еден од Тетово

Септември 30, 2021

По неколку месечна истрага, Оделот за сузбивање органзиран криминал на МВР во координација со битолската и тетовската полиција, денеска  спроведе координирана полициска акција при што сузбиена е осумчлена организирана криминална група, која подолг временски период нелегалн тргувала со артефакти. била инволвирана во вршење на кривични дела од областа на недозволена трговија со културни добра.

Полицијата  поднесе кривична пријава против К.Т. (71) и Д. Р. (60) од Битола за сторени кривични дела „злосторничко здружување“, „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“, „изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“,„прикривање“ и „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“, додека против З.Т. (48), Н.Л. (43), С.К. (63), Ѓ. П. (65), П.М. (48), сите од Битола и Б.К. (53) од Тетово за сторени кривични дела „злосторничко здружување“„присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“), „изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“„прикривање“и „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“.

При извршените претреси, кај Д.Р. се пронајдени две ловни пушки со патрони, а кај Б.К. пиштол, поради што кривично се пријавени и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи

Во периодот од мај 2020 К.Т. и Д.Р. со цел стекнување противправна имотна корист, присвојување и изнесување во странство на предмети што претставуваат добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости, создале злосторничко здружение во кое како членови, континуирано или повремено, партиципирале останатите шестмина приведени.

Во своите активности, тие соработувале и со лица во Грција, Албанија и Хрватска во врска со продажба и изнесување во странство на археолошки предмети, природни реткости и благородни метали, пронајдени од нивна страна и посредувале при продажба и изнесување во странство на предмети што претставуваат добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости пронајдени од други лица.

Постапувајќи по Наредби за претреси во дом и други простории издадени од Судија за претходна постапка, на 30.09.2021 година извршени се претреси во дом и други простории на вкупно 10 локации (девет на подрачјето на Битола и една на подрачјето на Тетово), при што од слобода се лишени и приведени осумте лица.

При извршените претреси, се пронајдени и одземени метал детектори, стари монети, поголем број археолошки предмети во разни форми и димензии од метал, камен и глина, виолина со неидентификуван временски период на производство и потекло, скици, мапи, возило, лап-топ компјутер, мобилни телефони, две ловни пушки со патрони, пиштол и други предмети

Надлежниот обвинител ценејќи дека се исполнети законските услови до судијата на претходна постапка ќе достави предлог за определување на мерка притвор за шестмина осомничени.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани