2win800x200

Кои се осумте социјалдемократи од Битола кандидати за новиот Централен одбор на СДСМ

Април 27, 2021

 

На општинска Конференција на ОО СДСМ Битола која беше организирана онлајн на платформата zoom, беа избрани членовите на ЦО и НО од битолската организација на СДСМ за претстојниот дваесет и шести Конгрес на СДСМ.

-Кандидатите за членови на ЦО и НО на СДСМ беа предлагани од месните одбори. Од оние кои ги исполнуваа условите Согласно Статутот и Правилникот за постапката, начинот и критериумите за кандидирање и избор на членови на Централниот и Надзорниот одбор на СДСМ, делегатите на ОО СДСМ избраа 8 членови за ЦО на СДСМ и 2 ченови на НО, притоа запазувајќи ја родовата еднаквост како и застапеноста на младите социјалдемократи во сите партиски тела. За членови на ЦО: Емилија Костурски, Елизабета Наумоска, Весна Спиркоска, Сашо Додовски, Васко Ковачевски, Зоран Дојчиновски, Васко Колевски и Рула Чаламани. За членови на НО: Васко Талевски и Виолета Џима. Им посакуваме успешна работа и да бидат добри репрезенти на Битола, вели Невена Димовска портпарол на СДСМ.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани