2win800x200

Уникатни маски на чингелаќе изработени од битолски средношколки

Април 20, 2021

Времето на чингелаќето и иглите на бабите не е поминато. Тоа на дело го докажаа двете креативни средношколки Ангела Стојановска и Јана Белевска од Битола, кои рачно изработуваат маски со уникатни плетки како моден додаток за младите. Тие се предизвик и за повозрасните што сакаат да носат впечатливи парчиња облека. Двете девојки, користејќи го знаењето пренесено од бабите и нивниот уметнички талент, ги рушат предрасудите на младите дека нема да изгледаат убаво носејќи маски. Создаваат уникатни модни додатоци кои не само што ќе ги заштитат младите од болеста туку и ќе ги направат да изгледаат тренди. Така, постепено меѓу тинејџерите стануваат хит маските со провокативно име Sherlyn, рачно изработени од памучен или мерцеризиран конец, Објавува Факултети.мкmaski 7

Научиле да плетат од бабата Николина
- Идејата за плетени маски произлезе од пандемијата, како и од вишокот слободно време во вакви услови, па баравме начин како да го пополниме. Маските ги плетеме со чингелаќе, а тоа го научивме од мојата баба Николина, на која плетењето ѝ претставува големо хоби. Сметаме дека кај нив е уникатна плетката и тоа што се изработени рачно. Живееме во време кога маските се дел од модниот живот, а нашите маски се модерно и уникатно парче кое може да се комбинира со сè - раскажува Стојановска.

Талентот, љубовта кон уметноста, кон убавото, кон модата и македонските традиционални изработки, но, пред сè, пријателството ги врзало од прво одделение. Уште од детството ги спојува една заедничка нишка - желбата да имаат машина за шиење, чингелаќе, игли за плетење... Старите народни рачни изработки како да се заборавени во последниве години, но во семејствата на овие две девојки плетењето е талент кој се провлекува низ сите генерации до денес.maski 6

maski 5

Маските штитат од вирус и се модно парче
Малиот заеднички бизнис, кој го стартуваа самоиницијативно потпирајќи се повеќе на желбата креативно да се изразат отколку да заработат, им го зајакна пријателството и им овозможи да се борат со нови предизвици. За три месеци, колку што трае овој претприемачки бизнис, односно продажбата на маските, имаат изработено околу 150 уникатни парчиња кои не се повторуваат. Маските исплетени со многу љубов најчесто се прават по порачка.

- Најчесто ги изработуваме по нарачка, во зависност интересот одлучуваме колкав дел од денот ќе потрошиме на ова хоби. Се случува да плетеме и секој ден, но во слободно време зашто предност имаат училишните обврски - велат другарките, кои се ученички во гимназијата „Јосип Броз-Тито“ во Битола.

Извор: https://www.fakulteti.mk/news/20042021/srednoshkolki-pletat-maski-so-chingelakje-maskite-se-napraveni-za-zashtita-od-koronavirusot-a-sluzhat-i-kako-moden-dodatok

maski 4

maski 3

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани