2win800x200

Почина воениот историчар д-р Александар Стојчев, одличен познавач на Првата светска војна и Балканските војни

Април 19, 2021

На 46-годишна возраст по кратко боледување и последици од ковид-19 во Скопје  почина универзитетскиот професор и воен историчар д-р Александар Стојчев, кој во малото прсте ја имаше историјата за Првата светска војна и Балканските војни на нашите простори. Не беше битолчанец, но беше одличен познавач на воениот период за Битолскиот регион, еден од најпогодените во војните од 1912 до 1918 година. Редовно учествуваше на симпозиуми кои се одржуваа во Битола на оваа тема. 

Беше автор на бројни книги од областа на воената историја. 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани