2win800x200

Почина Благој Мицевски долгогодишен генерален директор на ЈКП „Водовод“ Битола

Април 06, 2021

 

Почина Благој Мицевски (1930 – 2021) дипл. град. инженер  долгогодишен директор на ЈКП„Водовод“ Битола. 

Мицевски беше човек со визија и зад себе остави трајни капитални проекти кои и ден-денес се од особено значење за водоснабдувањето на Општина Битола. 

Од 1970  па се до 1998 година, Мицевски  беше на чело на  ЈКП „Водовод“ – Битола  и со својата  несебична работа даде значителен придонес во осовременувањето  на водоводниот систем во градот. Под негово раководство се изградени основните капитални инвестиции за непречено водоснабдување на Битолскиот регион како што се: Бунарскиот комплекс „Змирнево“, зафатителните водоснабдителни објекти лоцирани на Баба Планина, доводен цевководен систем „Драгор“, Филтерска станица – Дихово“, Пумпна станица „Довлеџик“, примарна и секундарна водоводна мрежа во градот.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани