2win800x200

ООУ„Ѓорѓи Сугарев“-Битола слави патронат, училиштето се реновира и опремува

Април 05, 2021

 

ООУ„Ѓорѓи Сугарев“-Битола го слави патрониот празник. 
По повод патрониот празник градоначалничката Наташа Петровска го посети училиштето и оствари средба со директорот Роберт Филиповски.
Во училиштето преземени се  реконструктивни зафати , особено во кабинетот по ликовно образование и дел од излезните фасади. Беше нагласено дека оваа локална самоуправа во голема мерка ја дава поддршката за подобрување на условите за изведба на настава во самиот објект, паралелно осовременувајќи ги условите со нагледни средства и опрема во училиштето. На средбата се разговараше и за измените во Законот за основното образование, кое го вклучува сегментот на инклузивност на децата, како и за можните натамошни реконструктивни зафати во и околу објектот.
Градоначалничката Петровска се сретна и со тројцата наградени ученици по повод патрониот празник, кој се одбележа скромно, со полагање цвеќе на споменикот, поради пандемиските услови со Ковид-19.
 
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани