2win800x200

На денешен ден е роден Јосиф Христовски-Ѕвончаро, учесник во НОБ

Декември 15, 2020

НА ДЕНЕШЕН ДЕН-15 ДЕКЕМВРИ 1914

Во Битола е роден Јосиф ХРИСТОВСКИ-Ѕвончаро, припадник на македонското националноослободително и комунистичкото движење и учесник во антифашистичката борба во Југославија. Основно и средно образование заврши во Битола.

По матурата во 1933 г., се запиша на правни студии во Белград, Србија. Откако дипломира во 1939 г. се врати во Битола, и стана еден од иницијаторите за создавањето на нов Местен комитет на КПЈ и негов прв секретар. Во тоа својство е организатор на поголем број на штрајкови на битолските работници.

Заради својата револуционерна дејност од српската окупаторска полицијата беше повеќепати апсен и затворан.

Во 1939 г. е затворен во Билеќа, Босна и Херцеговина. Откако се врати повторно се вклучи во работата на комунистичката организација во Битола како член на Местниот комитет.

Во септември 1940 г. беше уапсен и осуден на пет години затвор. Казната ја издржуваше во Србија, во затворот во Сремска Митровица. Тука го затекна Априлската војна од 1941 г. Во август 1941 г. заедно со други комунисти-затвореници успеа да побегне од затворот и како партизан се приклучи на Фрушкогорскиот партизански одред.

По краток период се префрли во западна Србија и учествуваше во создавањето и работата на познатата Ужичка република. Оттаму замина во југозападна Србија и во реонот на Лесковац е борец на Кукавичкиот партизански одред.

Загина во борбите на оваа партизанска единица со големосрпските четници на Дража Михајловиќ во април 1942 г.

Подготви: д-р Александар Литовски, историчар

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани