2win800x200

Градоначалникот Кузманоски позитивен на Ковид-19

Ноември 10, 2020

 Позитивен на вирусот е и градоначалникот на Општина Новаци Љубе Кузманоски. Тој е во домашна самоизолација и со благи симптоми. 

Би сакал да Ве информирам дека и покрај строгото почитување на мерките коишто ги преземам за моја лична и заштита на луѓето околу мене од почетокот на пандемијата, вчера добив позитивен резултат за Ковид 19. Клиничката слика ми е добра, со благи симптоми на кашлица и веќе сум во домашна самоизолација. Сите службени обврски и работни активности ќе ги извршувам од дома. Почитувајте ги препораките и мерките пропишани од Министерството за здравство и Владата, бидејќи само на тој начин ќе се заштите вие, вашите најблиски но и целото опкружување.

Чувајте се!

Со почит,

Љубе Кузманоски градоначалник на Општина Новаци

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани