2win800x200

МКЦ Битола-Јавен повик за национални волонтерски награди 2020

Ноември 09, 2020

 

Младински културен центар – Битола по повод 5-ти декември Меѓународниот ден на волонтерите, од 2006 година востанови Национални волонтерски награди. По 15-ти пат, го упатуваме овој ЈАВЕН ПОВИК до сите граѓански здруженија, фондации, неформални групи, локални самоуправи, јавни институции, државни органи и други организатори на волонтерска работа да предложат волонтери/ волонтерски иницијативи/ волонтерски програми за:

ЗЛАТЕН СЕРТИФИКАТ ЗА ВОЛОНТЕРСТВО ВО 2020 ГОДИНА
Предложените волонтери/ волонтерски иницијативи/ волонтерски програми треба да ги исполнуваат следните услови
Иницијативите/ програмите да се реализирани во Република Северна Македонија
Предложените волонтери да се граѓани на Република Северна Македонија
Да имаат значителни достигнувања и резултати во волонтерскиот ангажман и во промоција на волонтерската работа во текот на 2020 година
Ве молиме за предложените волонтери/ иницијативи/ програми да испратите кратко образложение (до максимум 200 зборови) зошто сметате дека треба да го добијат признанието (со краток опис на волонтерскиот ангажман/ програма и контакт податоци на волонтерот или волонтерската иницијатива/ организација).
Краен рок за доставување на предлозите е петок 27 ноември 2020 година до 16.00 часот со пополнување на формата на следниот линк:
Наградените ќе бидат известени до четврток 3ти декември 2020, а јавно ќе бидат објавени во сабота на 5ти декември 2020 година.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани