2win800x200

Од денеска ризикот од ширење на Ковид-19 во Битола е со „загрижувачки раст“, анализа на Трајковски

Октомври 06, 2020

 

Согласно критериумите и терминологијата на Европскиот центар за превенција и сузбивање на заразните болести (OCDC) за оценка на ризиците на земјите, од денеска ризикот од ширење на Ковид-19 во општина Битола се категоризира како „загрижувачки раст“ (concerning trend), анализира професорот на Техничкиот факултет во Битола, д-р Дејан Трајковски, кој изработува математичко-статистички анализи без да навлегува во медицински аспекти.
Битола исполнува три (потребни се минимум два) од четири услови за ваква категоризација:
- 14-дневната кумулативна инциденца е поголема од 60 нови случаи на 100.000 жители (во Битола изнесува 61,8 на 100.000 жители);
- стапка на позитивни тестови поголема од 3%;
- 14-дневна стапка на смртност поголема од 10 на милион жители (во Битола изнесува 20 на милион жители).
 
-Ако може да ни претставува некаква утеха, на државно ниво Македонија го пречекори прагот за 14-дневната кумулативна инциденца од 60 случаи на 100.000 жители уште на 10.06.2020, а денешната вредност на државно ниво изнесува 107,2 на 100.000, што претставува нов рекорд од почетокот на епидемијата до денес. Значи, Битола издржа приближно 4 месеци подолго од државата во статус на „стабилен раст“ според терминологијата на ECDC, анализира професорот Трајковски.120934873 897321027463083 3210427272502708458 n
 
Во неговата неговите заклучоци уште стои дека  државата веќе сериозно го искачува третиот пик, додека Битола својот втор пик. Иако Битола многу брзо слезе од првиот врв во јули до ниво на спорадично заразување, задоволството траеше кратко, само последните 4-5 дена од август. Да се потсетиме, тогаш се случија двата големи концерти во Хераклеја и масовните викенд-забави во затворен простор со повеќе од 200 гости во сега веќе затворената кафеана. Од една страна населението сака да се забавува, од друга страна смета дека кафеаните се безбедни само затоа што државата дозволила нивно отворање. Угостителите, пак, имаат свој интерес којшто е во иста линија со желбите на населението, па во услови на отсуство на секаква контрола од страна на инспекциските органи се случи ова што се случи. Добро би било доколку сега сите три страни (населението, угостителите и властите) извлечат поуки и започнат да се однесуваат поодговорно.
Денешниот број на активни случаи во Битола (76) е само за два помал од досегашниот максимум, постигнат на 13 август. Ова не треба да ни влева лажна сигурност затоа што веќе еден месец случаите се затвораат без контролни тестирања, на 19-тиот ден од отворањето. Доколку се применуваше поранешната методологија со контролни тестирања денешниот број на отворени случаи ќе беше уште поголем.120943820 897351227460063 1583667456398637088 n
 
 
Инаку, до зголемување на бројот на активни случаи доаѓа поради забрзувањето на епидемијата, односно се поголемиот дневен број на новодијагностицирани. Доколку растот беше стабилен (во просек секој ден исти броеви на нови случаи), дневниот број на оздравени би бил исто така ист, а бројот на активни случаи би останувал непроменет.
Во овој режим на забрзан раст неопходна е засилена примена на превентивните (заштитните) мерки, а доколку тие не дадат резултати - воведување и на рестриктивни (ограничувачки) мерки.
-Можеме да кажеме дека во Битола дури сега започнува вистинската епидемија, која бара сериозност од целото население доколку не сакаме да ги видиме состојбите веќе видени во остатокот од државата, вели професорот Трајковски.120955247 897351147460071 213831028298171694 n
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани