Големо невреме во Битола

Јули 04, 2020

Битола вечерва беше зафатена од големо невреме  со обилни врнежи дожд и град. Дел од улиците се наполнаа со вода, а атмосферската канализација не можеше даја собере надојдената вода од врнежите. 

{YouTube}https://www.youtube.com/{/YouTube}

 

Според надлежните, наврнаа над 36 литри на метар квадратен за помалку од половина час. Надојдената вода, посебно во пониските делови од градот, не можеше да ја прими атмосферската канлизација и дел од улиците се поплавија. На социјалните мрежи има фотографии на кои возилата до половина минуваат низ попладвените улици.

 
„Ваква количина на дожд не паднала во изминатите десет години. Од невремето беше зафатена половина Битола. Надојде многу вода и канлизацијата беше немоќна да ја собере. Најризично беше во Јени Маале каде веќе е исцедена водата од улиците, како и на патот М5 на влезот од Битола, каде можно е да има затнати сливници. Но, нашите екипи се на терен и се преземаат мерки за нормализирање на состојбата“, рече Методија Силјановски, директор на Јавното претпријатие „Нискоградба“ од Битола. 
Вчерва во Општина Битола ќе се одржи и кризен штаб за да се согледаат евентуални штети и неопходни мерки за преземање. 
 
Силно невреме со обилни врнежи дожд и град ја имаше зафатено Битола и пред два дена, кога Општината испрати јавен повик до земјоделците да пријават доколу имаат штети од невремето. 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани