2win800x200

Каракачанов во Битола ќе промовира книга за Тодор Александров

Јануари 30, 2020

Красимир Каракачанов, вицепремиер и министер за одбрана на Република Бугарија во Битола ја закажа промоцијата на неговата најнова книга посветена на Тодор Александров.

Каракачанов својата најнова книга ја промовирал во Софија лани во октомври.

Според пишувањата на бугарски медиуми „книгата главно се однесува на периодот по Балканските војни, односно основањето на ВМРО од младиот Тодор Александров и фрла нов поглед кон внатрешнополитичкиот живот во Бугарија низ призмата на борбата за Македонија. Открива повеќе за влијанието на ослободителното движење на македонските Бугари , преку европската дипломатија“, се вели за книгата.

Промоцијата во Битола ќе се одржи на 01.02.2020 година (сабота) од 12:00 ч. во Центарот за култура Битола,  во малата сала.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани