2win800x200

Јелена Томашевиќ на 16 ноември на фестивалот „Музика од светот“во Битола

Ноември 05, 2019

Јелена Томашевиќ на 16 ноември настапува на  фестивалот „Музика од светот“во Битола.

Јелена Томашевиќ Босилчиќ е вокален интерпретатор на поп музиката со силно изразени гласовни можности и вештини.

Од победата на детскиот наптпревар „Шаренијада“ на седум годишна возраст, преку победите на телевизискиот натпревар за млади таленти „ТРИка дур“, победите на Беовизија во 2005 и 2008 година, настапот на Евровизија во 2008 година, настапот во филмот „Ивкова слава“, учеството во мјузиклот на Ивана Жигон „Бели жерави“, Јелена стана високореспектирана и барана ширум Европските сценски простори.

Нејзиниот прв албум „Панта реи“ во продукција на Минакорд стана најпродаван и најслушан албум во регионот, а вториот студиски албум објавен во 2015 година повторно и донесе голем успех кај публиката, критиката и колегите.

Јелена е една од ретките која успеала два пати последователно во 2016 година да ја наполни концертната сала на Сава Центарот во Белград, Србија.

Со години реализира концерти во Србија и регионот и успешно ги освојува срцата на публиката и стручните лица од областа на поп музиката.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани