2win800x200

Дрво се сруши врз автомобил во движење во Битола за среќа нема повредени

Јуни 23, 2026
Дрво се сруши врз автомобил во движење пред самата патека за Тумбе Кафе и Зоолошката градина во Битола. Сопственикот на автомобилот Ерџан Дардовски за АПЛА.мк изјави дека автомобилот е оштетен но имале среќа што патниците во колата не се повредени. "Дрво падна врз мојата кола и предизвика оштетување. За среќа не сме повредени со сопругата. Повикавме полиција. Но, што ќе беше ако се срушеше врз пешак или пак велосипедист? Голем стрес доживеав, ова е шок за секој, ќе барам да бидам обештетен", вели Дардовски за @Aпла.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани