Тошковски вели дека Васко Ковачевски не се откажал од македонското државјанство

Декември 11, 2024

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска информираше дека екс-директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски не е достапен за домашните органи на прогон. Истакна дека полицијата ќе стори се во рамките на надлежности, со цел Ковачевски да биде изведен пред лицето на правдата.

-Вчера имаше многу шпекулации во однос на вашето прашање и каде се наоѓа или дали се откажал од македонското државјанство. Посоченото лице е во рамки на регистарот на државјани на Македонија и е македонски државјанин. Не побарало отпуст, согласно информациите кои што ги имам. Не би сакал да шпекулирам (околу неговата моментална локација, рече Тошковски во изјава за медиумите.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани