АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Спласнува еуфоријата во јавноста, особено кај членството на СДСМ кои јасно и недвосмислено бараа оставки од носителите и коносителите на пратеничките листи по изборниот дебакл.
Поведени од народната – „Секое чудо за три дена!“, ни избраните пратенички кандидати не се одзваа на крикот на членството, да се понесе одговорност од оние кои донесоа досега незапаметен пораз на партијата.
Така, битолчани, членови на СДСМ, велат дека ветрот ги издрпа плакатите со кандидатите, носители на листите, ама „ураганот“ од повиците на партиското членство помина - замина без да ги помести носителите и коносителите од помислата дека треба да имаат доблест и чест да ги остават мандатите на тие по нив и понесат одговорност како самураите во феудална Јапонија. Јован Митревски носител и Бисера Костадиновска – Стојчевска, коносител на листата на СДСМ и коалицијата во Петката засега премолчија на повиците на членството на СДСМ во Битола, кои јасно им порачаа дека со толку колку што освоија гласови немаат легитимитет да влезат во Парламентот.
-Легитимитетот никогаш не доаѓа од 40% од традиционалното гласачко тело, коментираат членови на СДСМ од Битола, алудирајќи на бројките дека СДСМ загубила дури 60 проценти од стандардното гласачко тело, и со вакво однесување на „губитниците“ има голема веројатност, никогаш повеќе да не ги поврати тие граѓани за гласачи на партијата, или ако сакате идеологијата на лево ориентираните.
-Дали СДСМ е подготвено со верифицирањето на мандатите, на носителите и коносителите, да им порача на 60 проценти од гласачите дека не и' се важни за следните избори, на пример, локалните кои се за неполна година и пол? Како ќе ги надоместат тие 180.000 гласачи? , коментира битолчанец на социјалните мрежи.
Гласачкото тело на СДСМ Битола е со јасна порака:
-Мојот став е оставки од пратеничките мандати од оние кои ја презедоа одговорноста за поразот, нема логика да ја грабнат привилегијата откако ни испорачаа ваков пораз.
И дека со поквалитетни и некомпромитирани личности, можеби овој пораз немаше да биде толку голем, стои во еден од коментарите на социјалдемократите.
Доблестен, смел, храбар, непорочен, и не се баш атрибути на политичарите, па оттука, социјалдемократ ќе забележи дека – „Тие што не дадоа оставки го донесоа ВМРО до триумфална победа. Затоа треба во сите изборни единици да си дадат оставки, бидејќи во Парламентот ќе бидат безвредна разоружeна опозиција“, порачува битолчанец.
А.Блажевска