2win800x200

Илиевски-СДСМ и коалицијата ќе ја гласаат завршната сметка, легитимитетот на Советот е жив

Март 07, 2024

СДСМ и коалицијата ќе ја гласаат завршната сметка, легитимитетот на Советот е жив и тука биле донесени важни одлуки од сите нас. Ќеф на одредени поеденци нема да се случи, рече советникот Методија Илиевски од СДСМ.  Тој напомена да одиме да избори за градоначаник, а не за Совет.  

-Се крена фама во јавноста за завршната сметка, жалам што градоначалникот не е тука, моето обраќање е кон него како градоначалник. Можам да кажам дека теориите на заговор кои сакаат ВМРО- ДПМНЕ преку нивните гласноговорници да насочат кон транспарентност на овој Совет им паднаа во вода. Најнапред дека Коњановски е убеден дека неговата сметка не треба да биде изгласана се демантира со тоа што дозволи до Централен регистар да биде доставен документ на 27 февруари, завршна сметка.  Дали тој би имал легитимитет да раководи со општината ако неговите не ја поддржат завршната сметка тоа значи дека дома не е пожелен. Оти неговте советници нема да гласаат. Тврдам дека голем дел од нас тука имаме легитимитет да гласаме за завршната сметка. Се што се случуваше ретроспективно тука во 2023 беа изгласани ребалансот, едниот го прегласавме. Беа вметнати голем број на проекти од наша страна. Сите ние имавме свои предлози и се вградија во ребелансот. Тука во изминатите две години изгласавме низа на донации за општината, го изгласаме Развојниот план за 2024-26 година.  Дали законски работи Коњановски и одделенија во општина Битола ние не сме надлежни, туку други институции, кои ќе ги извадат процесите на виделина. Завршната сметка во која партиципираат голем дел на изгласани одлуки...До советниците од ВМРО ДПМНЕ- Ве убедувам ако вие не ја изгласате завршната сметка сами си пукате во нога и спротивно на тоа го 'убивате' градоначалникот. Ако не ја изгласате завршната -Коњановски да ја врати партиската книшка, и под итно утре да поднеси оставка од градоначалник оти своите нема да го гласаат. Затоа размислете како ќе гласате. Предизвикот  е на ваша страна“, рече Методија Илеивски, координатор на СДСМ Битола. 

 

А.Б 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани