2win800x200

Нова опрема на одделот на Анестезија во Битолската болница

Февруари 27, 2024

 

ВО ОДДЕЛЕНИЕ ЗА АНЕСТЕЗИЈА, РЕАНИМАЦИЈА И ИНТЕНЗИВНО ЛЕКУВАЊЕ И ПОТРЕБИТЕ НА ОПЕРАТИВНИОТ БЛОК
НОВА ОПРЕМА
- 3 НОВИ ПЛАТФОРМИ ЗА АНЕСТЕЗИЈА
- 3 АПАРАТИ ЗА МЕХАНИЧКА ВЕНТИЛАЦИЈА СО ВИСОКА БЕЗБЕДНОСТ
Со последната набавка на 3 нови апарати за механичка вентилација и 3 нови платформи за анестезија, само се заокружува дел од целите и барањата за напредок на оваа служба, а се за максимално, безбедно и обезбедување на квалитетни медицински услуги на пациентите. High-tech апаратура од ваков вид, обем, кавалитет и софистицираност не е набавена повеќе од 20 години за САРИЛ, објавија од Болницата.
 
„Благодарение на личното залагање и ентузијазмот на раководителот Др. Сотир Николовски и  директорката Др. Елизабета Ивановска, со овие набавки се става посебен акцент на потребите и важноста за опременоста и континуираниот развој на Одделение за Анестезија, реанимација и интензивно лекување.
 САРИЛ е витална служба при Клиничката болница Битола. Анестезијата , како и нејзиниот составен дел интензивното лекување, претставуваат особено важен и одговорен сегмент во лекувањето на пациентите. Целокупниот персонал кој што работи во оваа служба е високо едуциран и поседува посебни вештини за максимална посветеност во критични моменти и ситуации по животот на пациентите.
 Напредокот на оваа служба е посебно евидентен во последните години со промената на раководната структура и тоа особено во континуиран развој, едукација и опременост на службата, Објавија од Клиничка болница Битола.
 
 
 
 
Објавено од А.Б
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани